Шведскиот производител трпи сериозни загуби поради што итно ги менува бизнис плановите

Во текот на летото, американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми увозните давачки за автомобили увезени од Кина на 27,5%. Кинескиот лидер, Џин Зинпин, не му остана должен и ги зголеми давачките за американските автомобили до 40 отсто. Така трговската војна помеѓу двете најмоќни економии во светот станува се по сурова и веќе ги зема своите први жртви.

Еден од нив е шведскиот производител Volvo, кој изгледа се најде во средината на огнот разменет помеѓу Вашингтон и Пекинг. Компанијата во текот на летото ја отвори својата прва фабрика во САД, но сега тие се принудени фундаментално да ги променат своите планови и трпат големи финансиски загуби.

„Ситуацијата е комплицирана. Не сакам да седам, да се смешкам и да ви кажувам дека сè е во ред. Затоа што, не е во ред, дури напротив, компанијата страда многу. Но, тоа е живот и нема ништо што можеме да направиме“, вели претседателот на американската филијала на Volvo, Андерс Густафсон, за Bloomberg.

Големиот проблем е новата фабрика во Чарлстон, каде што компанијата инвестираше 1,1 милијарда долари. Половина од производството требаше да се извезува во Кина, но сега тоа е невозможно. Компанијата ќе мора да се фокусира на американскиот пазар, иако Volvo S60 произведувано во оваа фабрика, како и досега ќе продолжи да се извезува и во Европа.

Во исто време произведените во Кина кросовери XC60 нема да патуваат во САД, туку само во Европа. Испораките на седанот S90 за САД, исто така, се значително намалени, а во исто време фабриката во Чарлстон треба да го намали производството и на големиот SUV XC90 бидејќи нема да може да го извезува во Кина.

„Мораме да направиме сериозни промени и знаеме како да го направиме тоа, но не сме среќни што се случува. За среќа, имаме глобална производствена структура која ќе ни овозможи да маневрираме во овие тешки услови“, вели Густафсон.