Откако стана јасно дека сензационалната вест е само првоаприлска шега, сега сите измамени ја повикуваат Комисијата за хартии од вредност на САД да се вклучи во случајот, наведувајќи дека компанијата која мамела со емисиите на издувни гасови не треба да се занимава со вакви трикови

Пред само два дена Volkswagen објави дека своите електрични возила во Америка ќе ги продава како Voltswagen односно ќе го смени името, но само за овој сегмент од возила. Поаѓајќи дека шегите и Германците нешто и не одат рака под рака, многу американски медиуми, но и европски, балкански (па и ние)… веднаш ја пренесоа веста..

Веста имаше толку позитивен ефект врз (мистериозните и богати) инвеститори што цената на акциите на Volkswagen или Voltswagen, како што се наведува, скокна за неверојатни пет проценти. Како потсетување, поради лажни објави, еден од сопствениците на Tesla, Илон Маск, своевемено мораше да плати на американските регулатори казна од 20 милиони долари за играње со чувствата и парите на секогаш нервозните инвеститори. Слична работа може да се случи и со Volkswagen бидејќи со невистинитите информации за името, акциите на Volkswagen отидоа многу високо. Сега сите измамени повикуваат Комисијата за хартии од вредност (SEC) на САД да се вклучи во случајот.