Кросоверот со пофалби за работата на системот за стабилност

Шпанскиот сајт km77.com со години го спроведува таканаречениот „тест на северниот елен“ на нови модели од европскиот пазар. Идејата за овој тест потекнува од шведскиот магазин Teknikens Värld (Светот на технологијата), кој го има воведено истиот тест пред повеќе од две децении.

Станува збор за специфичен тест за безбедност кој го испитува маневрирањето на возилата во екстремни услови. Се состои од маневар на ненадејна промена на насоката, при одредени брзини, што симулира избегнување на ненадејна пречка на патот.

Овој пат е тестиран Volkswagen Tiguan.

Германскиот кросовер го поминал тестот уште во својот прв обид со брзина од 75 km/h. Тогаш возачот успеал со 77 km/h, што е доволно за тестот да биде успешен и новинарите да ја пофалат работата на системот за контрола на стабилноста на VW Tiguan.

При поголема брзина, сепак, тестот не завршил успешно, бидејќи кросоверот буквално потскокнувал на патот. Км77 објави дека овие „скокови“ се потенцијално опасни со забелешка дека возачот имал потешкотии во одржувањето на стабилноста на автомобилот.