Volkswagen претстави „куќа на тркала“ на два ката. Се вика Grand California, а изграден е врз основа на моделот Crafter

Автомобилот дебитираше на автосалонот во Дизелдорф, каде што неговата концепциска верзија беше прикажана пред само една година.

Должината на моделот достигнува 6 метри, а растојанието помеѓу двете оски изнесува 3,6 метри. Висината на салонот е 2,2 метри. Зад предните фотелји кои се вртат за 180 степени, е сместена дневна соба со маса, а зад неа има мала бања со туш, тоалет и орман.

Светлото во бањата автоматски се гасне и пали благодарение на сензорите за движење. Температурата на тушот може да се прилагоди, а волуменот на котелот е 110 литри.

До бањата е кујната со две грејни плочи и фурна, а тука се и различните полици за складирање на различни предмети, како и фрижидер од 70 литри. Во задниот дел е дневната соба со голем кревет. Дополнително, постои „втор кат“ каде може да се постават уште две места за спиење. Тогаш висината на камперот достигнува 3 метри.

Опционален систем за греење, специјални велосипедски рамки, како и друга опрема неопходна за кампување се достапни како опција.