Volkswagen подготвува електричен караван за сериско производство
Германскиот производител продолжува да ја проширува EV гaмата, а новиот адут треба да биде караван возило
Серискиот автомобил ќе се базира на концептот ID. Space Vizzion кој беше претставен на минатогодишното издание на Саемот за автомобили во Лос Анџелес. Концептот се базираше на модуларна платформа MEB, а така ќе биде и со верзијата наменета за клиенти.
Шефот на Volkswagen, Ралф Брандштатер потврди дека електричниот караван наскоро ќе влезе во сериско производство. Тој не дава многу информации, но најави дека претстојниот модел ќе има одличен коефициент на отпор на воздух, и дека опсегот со едно полнење на батеријата ќе биде 700 километри. Ова ќе биде значително зголемување во однос на она што го нуди концептот (590 километри според протоколот WLTP).
Минатогодишниот концепт беше замислен како четворосед, иако е малку веројатно дека оваа конфигурација ќе преживее за сериската варијанта, па затоа треба да се очекува дека идниот електричен караван ќе биде наменет за пет патници.
Кога станува збор за погонот, тоа останува мистерија. Можно е да се користи еден, а можеби и два електромотори. Концептното издание користеше еден електромотор кој ги придвижуваше задните тркала, а моќноса беше 275 КС и 550 Нм. Напојувањето кај концептот е батерија од 82 kWh.