Volkswagen откри што ќе прави со илјадниците откупени дизел возила
Повеќе од 350.000 дизел возила на Volkswagen моментално ги чинат најголемите автомобилски гробишта во Америка и пошироко. Сепак, повеќето од нив наскоро ќе се вратат во живот
Илјадници откупени Volkswagen автомобили моментално собираат прашина на околу 37 депонии низ САД. Тие наскоро ќе бидат на пат кон нови клиенти. Пред тоа, Volkswagen ќе ги одбере оние што има смисла да ги среди и да ги врати на пазарот. Сите други ќе бидат отпишани и испратени на рециклирање.
Портпаролот на Volkswagen за изданието Autocar вели дека овие автомобили наскоро ќе се вратат на пазарот. Тој притоа нагласува дека дизелите повторно се барани, па затоа оние кои се сервисираат повторно ќе се вратат на пазарот. Дали ова ќе ги симне цените? Останува да видиме.