Продолжува претставувањето на новото Golf семејство

Осмата генерација на Golf Variant е значително поголема од претходникот – подолга e за 66 mm, има максимален употреблив волумен на багажникот од 1.642 литри и поголемо меѓуоскино растојание. Така сега патниците на задните седишта имаат 38 mm повеќе простор за колена.

Освен долгата караванска форма, визуелните разлики во споредба со хечбекот се минимални, а истото важи и за салонот. Екраните доминираат, и оној пред возачот и оној над централната конзола. Опционално, како и кај хечбекот, достапен е HUD дисплеј.

Golf Variant

Golf Variant и Alltrack наскоро ќе бидат пуштени во продажба во Европа (во текот на ноември), а за почеток, верзијата Variant ќе може да смета на гама од само три погонски единици: два дизела и еден бензинец. Бензинскиот мотор е 1.0-литарски eTSI 3-цилиндерски турбо мотор со 110 КС потпомогнат од благ хибриден систем од 48 V.

Што се однесува до дизелите, Golf Variant првично ќе понуди 2.0-литарски TDI мотор во две изданија со 115 КС и 150 КС.

За понатаму е предвидено проширување на гамата со уште пет единици. Ќе има и 1.0-литарски TSI со 90 КС, како и 1.5-литарски TSI со 130 и 150 КС. Вториот бензинец ќе има и варијанти со благ хибриден систем, така што клиентите ќе можат да изберат помеѓу 1.5 eTSI со 130 или 150 „грла“.

Golf Variant на европскиот пазар ќе биде понуден во четири трима: Basic, Life, Style и R-Line. Volkswagen посочува на низа активни системи за безбедност во Golf Variant, кои се исто така достапни во хечбек изданието, а како што се: AEB, систем за одржување во сообраќајната лента, предупредување за слепи места, адаптивно управување со темпоматот…

[useyourdrive dir=”1SL0N8FQZ4JXrxtGmNkK_7nNc1weMGios” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Golf Alltrack

Долго време се веруваше дека осмата генерација на најпопуларниот автомобил во Европа нема да го има изданието Alltrack. Едноставно кажано, се сметаше дека ова ќе доведе до канибализација со продажбата на SUV модели на Volkswagen, но одговорните во германскиот автомобилски гигант очигледно не мислат така.

Затоа, Golf 8 ја доби честа да се пофали Alltrack издание. За неупатените, станува збор за караван со зголемено растојание од земјата кој е во состојба да започне одредени теренски авантури. Секако, за вакви предизвици, покрај поголемо растојание од земјата, потребни се и други адути.

Поради се, Volkswagen решил да го понуди Golf 8 Alltrack со еден мотор, потентен дизел! Golf Alltrack ќе користи дволитарски TDI мотор со 200 КС. Овој погонски агрегат е поврзан со седумстепен менувач DSG кој испраќа енергија до сите тркала.

Се разбира, Alltrack исто така има малку поинаков изглед во споредба со Variant. Гледаме различни браници и дводелна светлосна групација на предниот дел на возилото, со долниот дел интегриран во браникот.

[useyourdrive dir=”15_Kuhyu092odn-GCmDrU-VEQYnqmHtou” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на обете верзии во Европа ќе започне во ноември.