Volkswagen Nivus доаѓа и на европскиот пазар
Минатата година Volkswagen ја збогати својата понуда за јужно-американскиот пазар со SUV-Coupe модел наречен Nivus, кој како што е најавено од втората половина на оваа година ќе се најде и на европскиот пазар (од третиот или четвртиот квартал)
Nivus се базира на платформата MQB A0. Автомобилот е долг 4.266 mm, меѓуоскиното растојание е 2.566 mm, а волуменот на багажникот е 415 литри.
Опремата ќе вклучува и LED задни светла, алуминиумски тркала, мултимедијален систем, старт-стоп систем, систем за автоматско сопирање, електрично отворање на задната врата…
Во Европа се очекува во гамата на мотори да има 1.0 и 1.5 TSI бензинци, додека очигледно нема да има дизел и хибридни верзии.
За потребите на јужноамериканскиот пазар, автомобилот е произведен во фабриката Анчиета во Бразил, а во Европа, според претходните најави ќе се произведува во фабриката на VW во Шпанија.