Volkswagen ќе престане да го произведува Passat
Одлуката се однесува на САД
Од Volkswagen официјално потврдија дека во 2023 година моделот Passat ќе престане да се произведува во фабриката во Чатануга во САД.
Во исто време, Volkswagen најави инвестиција од 800 милиони долари во проширување на оваа фабрика, со цел да биде подготвена за производство на електричниот модел ID.4. Овој електричен кросовер ќе започне да се прави во Чатануга во 2022 година, а во 2023 година ќе достигне целосен капацитет за производство.
Како што претходно наведовме, во 2023 година, производството на американскиот Passat ќе прекине, а нема да има ниту наследник на американскиот пазар. Со оглед на популарноста на SUV / кросовер моделите (за што доволен доказ е успехот на моделот Atlas, кој исто така се склопува во Чатануга), оваа одлука воопшто не е изненадување.