Volkswagen има нов прв човек
По поставувањето на стратешките цели во последните неколку години, со конзистентна ориентација кон е-мобилност и создавање структури за дигитализација на автомобилите, компанијата сега ги зајакнува водечките структури за управување на групата Volkswagen и samiot бренд
Групацијата Volkswagen објави дека има промени во управувањето со марката VW и самата Групација, бидејќи од 1 јули 2020 година, Ралф Брандстартер, сегашниот главен оперативен директор (КОО) на марката VW ќе ја заземе позицијата извршен директор на оваа марка. Тој ќе го наследи д-р. Херберт Дис, кој претходно беше одговорен за оваа, но и улогата директор на групата Volkswagen. Со ова, д-р. Дис ќе добие поголема слобода во својата работа како извршен директор на Групацијата.
Тој ќе ја задржи целокупната одговорност во рамките на одборот на директори на Групацијата за патничките автомобили на групата Volkswagen и вкупниот обем на продажба на групата. Целта е појако фокусирање на соодветните задачи на врвот на Групацијата и брендот во тековната фаза на трансформација на автомобилската индустрија.
„Ралф Брандстартер е еден од најискусните менаџери во компанијата. Во изминатите две години, тој успешно го предводеше Volkswagen како COO и одигра клучна улога во обликувањето на трансформацијата на брендот “, вели сеуште актуелниот извршен директор на Volkswagen AG, Др. Херберт Дис. „Затоа сум задоволен што Ралф Брандстатер ќе ја преземе водечката улога во напредокот во развојот на брендот како извршен директор“.