Volkswagen ID.3 одличен на краш тестот на Euro NCAP / ВИДЕО
Првиот Volkswagen EV од семејството ID ги исполни очекувањата во однос на безбедноста
Треба да се нагласи дека ID.3 е исто така првиот модел поставен на платформата MEB кои поминал на ваков тест. Токму затоа е јасно колку беше важно да се добијат најдобрите можни оценки, односно пет sвезди за безбедност.
Електричниот адут на Volkswagen оставил одличен впечаток во сите категории – 87 % за заштита на возрасни патници, 87 % за заштита на деца, 88% за системите за активна безбедност како што е AEB, кој наскоро ќе стане задолжителен за сите нови автомобили што ќе се продаваат на европскиот пазар. За заштита на пешаците и велосипедистите, германскиот ЕВ заработил 71 %.