Volkswagen подготвува помали и ценовно попристапни модели од електричното семејство ID во кое место ќе најдат малиот ID.1 и малиот SUV ID.2

Проектот е со кодно име MEB Entry, и вклучува најмалку четири нови модели кои ќе се продаваат под знакот на VW, Škoda и Seat.

Како што стојат работите во моментов, Volkswagen ID.2 се очекува во текот на 2025 година, при што станува збор за  автомобил со кратки препусти и долго меѓуоскино растојание (за својата класа). Во палетата се очекуваат повеќе батериски пакети – основната верзија со 30 kWh и 45 kWh во топ варијантата. Автономијата во реални услови ќе биде до 290 километри според WLTP.

Што се однесува до цената, основната верзија би можела да започнува под 20.000 евра за европскиот пазар. ID.2 очигледно ќе се произведува заедно со „братучедите“ од Škoda и Seat во фабриката во Барселона. Конечно, Volkswagen наскоро ќе претстави концептен автомобил како најава за овој нов помал електричен модел.