Volkswagen и Bosch влегуваат во соработка за производство на батерии
Volkswagen и Bosch влегуваат во заедничко вложување за значително унапредување на фабриките за батерии на Volkswagen, со цел германскиот производител да биде самостоен во рамките на европското производство на батериски ќелии
Двете компании потпишале меморандум за разбирање со кој ќе се осигура дека „целиот опсег на процеси и компоненти“ изворот го има во Европа, со цел „да се оствари водечка технолошка позиција во индустријализацијата на технологијата на батерии“.
Новата компанија би требало да се формира до крајот на 2022 година.
Од клучно значење е географскиот аспект, како што објаснува членот на одборот задолжен за технологија, Томас Шмал.
„Европа има единствена шанса да стане глобална локомотива во областа на батериите во годините што доаѓаат. Постои силна и растечка побарувачка кога станува збор за сите аспекти на производството на батерии, вклучувајќи ја и опремата за нови гигафабрики. Volkswagen и Bosch ќе ги истражат можностите за развој и обликување на оваа нова форма на индустрија вредна повеќе милијарди долари во Европа“.
Bosch пред неколку години го продаде одделот за батериска хемија, наведувајќи ги како причина ризичните високи инвестициски трошоци. Сепак, спојувањето со Volkswagen ќе обезбеди можност за снабдувачкиот гигант повторно да влезе во овој растечки индустриски домен.
На Европа и е тешко да биде во чекор со Азија, особено со Кина, кога станува збор за производството на батерии. Извештаите од оваа недела сугерираат дека рударскиот конгломерат Рио Тинто се повлекува од работата во врска со потенцијалната екстракција на литиум во Србија, поради противењето на населението.
Сепак, доаѓаат промени, бидејќи неодамнешните објави од различни компании укажуваат на вкупен капацитет на европско производство на батерии од 700 GWh до 2030 година. Новото партнерство меѓу Volkswagen и Bosch е сосема логично од стратешка гледна точка, бидејќи првонаведената компанија има огромно искуство во производството на автомобили и веќе сега е посветена на подобрување на производството на батерии, додека втората има техничка експертиза за фабричка автоматизација.
Volkswagen е посветен на европско производство на батерии, а исто така објави планови за изградба на шест фабрики за батериски ќелии на Стариот континент до 2030 година.
Во таа насока, компанијата неодамна најави поврзување со производителот на батерии Northvolt, со цел до 2024 година да има фабрика за производство на батерии од 16 GWh во Долна Саксонија. Во меѓувреме, минатата година Bosch отвори фабрика за полупроводници во Дрезден.