Volkswagen Group ќе гради шест големи погони за батерии во Европа
Новата стратегија на концернот ќе овозможи значително намалување на цените на батериите
Германскиот концерн Volkswagen ќе изгради 6 нови погони за производство на батерии за електрични возила во Европа до 2030 година. Ова ќе го компензира недостатокот на батерии кој моментално го оптоварува пазарот, а истовремено драстично ќе ја намали нивната цена.
Секој од погоните ќе произведува батерии со вкупен капацитет од 40 GWh годишно, што прави вкупно 240 GWh. Првите два погони ќе бидат лоцирани во Шведска и Германија, а ќе бидат во функција до 2025 година. Volkswagen додава дека од преостанатите четири, еден ќе биде во Шпанија и еден во Источна Европа (Полска, Чешка или Словачка), додека другите два сè уште не се конечно решени (меѓу опциите се Португалија и Франција).
Со помош на новите компании, концернот треба да може да ги намали трошоците за системите на батерии на помалку од 100 евра за kWh (сега е скоро 2 пати повеќе). Нивната конструкција и пуштање во употреба ќе овозможи 80% од гамата понудена од Volkswagen во 2030 година да се состои од електрични автомобили.
Покрај тоа, компанијата од Волфсбург подготвува голема инвестиција во инфраструктурата потребна за електричните автомобили. Само до 2025 година, бројот на станици за полнење во Европа изградени од Volkswagen и неговите партнери треба да стигне до 18.000, што е скоро 5 пати повеќе од сега.