Промената во пристапот, кога станува збор за системите за асистенција, е само увертира во пошироки корпоративни промени кои ќе го подобрат корпоративниот идентитет на Volkswagen

Најголемиот чекор меѓу нив ќе биде редизајн на логото и новиот дизајнерски јазик, кој на сцената стапува веќе на пролетМодерните автомобили се „спакувани“ со бројни системи на помош. Производителите имаат тенденција своите системи да ги именуваат со атрактивни имиња, па така Ford го има Co-Pilot 360, Nissan го има ProPILOT и слично.

Во случајот со Volkswagen, напредните системи во моментов се третираат индивидуално, бидејќи не постои посебно име кое ги опфаќа. Сепак, ова ќе се промени од јануари 2019 година, кога германскиот гигант го воведува IQ.DRIVE.

Станува збор за генеричко име кое ќе ја вклучува целата технологија за асистенција која ја поседува брендот, поврзана со возењето, паркирањето и безбедноста. Во блиска иднина, името ќе ги вклучува и сите автоматизирани технологии за возење кои се во фаза на развој.

Volkswagen вели дека новото име што ги вклучува достапните апликации ќе биде во оптек во јануари 2019 година, кога првите автомобили ќе бидат носители на IQ-DRIVE.

Со цел да се популаризира брендирањето, Volkswagen ќе започне рекламна кампања во Германија до Божиќ, додека во другите европски земји ќе биде проширена следната година. VW не објави кога и дали IQ.DRIVE ќе биде достапен на глобално ниво или само во брендови во рамките на групата.