![Volkswagen го претстави Golf во караван и Alltrack издание / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/09/DB2020AU01222_large-1.jpg)
Volkswagen го претстави Golf во караван и Alltrack издание / ФОТО
Осмата генерација на најпопуларниот автомобил во Европа очекувано го доби своето караван издание, како и варијанта Alltrack, односно попрактично издание со зголемен клиренс
Досега, покрај стандардниот Golf 8, имавме можност да ги запознаеме и неговите перформанс верзии: GTI, GTD и GTE, за сега пред нас да бидат и караванското издание како и верзијата Alltrack.
Golf Variant (официјалното име за караванското издание) никогаш не бил подолг, а зголемувањето се однесува и на меѓуоскиното растојание. Должината е 4,63 метри со растојание од 2,68 метри помеѓу предната и задната оска. Ширината и висината се идентични со хечбек моделите.
Сето ова се рефлектирало со повеќе простор во салонот, особено за нозете на патниците сместени на задната клупа. И волуменот на багажникот е малку поголем од порано, па сега изнесува 611 литри во споредба со поранешните 605 литри. Во багажникот има куки за кеси, како и две приклучници, едната од 12V, а другата од 230V. По избор, може да се добие автоматско отворање или затворање на багажникот.
Предниот дел на Golf Variant е идентичен со хечбек верзијата, додека единствените промени во однос на надворешноста се видливи на задниот дел. Гледаме различно групирање на светлата, поголем браник, но и спојлер. Освен што салонот е подарежлив по однос на просторот, практично се е ископирано од хечбек верзијата. Иста е и понудата на погонски агрегати, а треба да се истакне дека најпотентниот Golf R ќе има и свое Variant издание.
Варијантата Alltrack сепак останува во понудата, иако се шпекулираше дека таа ќе биде укината. Alltrack останува доследен на својот досега „авантуристички“ изглед со зголемен клиренс и пластични додатоци над сводовите на тркалата и на праговите од возилото. Оваа верзија доаѓа стандардно со погон на сите четири тркала.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1z601rRkMWfNrgR_JU7Wj6ZqS1X1ix0Rg” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Golf Variant и Alltrack на европскиот пазар ќе бидат достапни подоцна оваа година, а цените сè уште не се познати.