Volkswagen го менува името за Америка!
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen Group планира да го смени името на брендот во САД, па во иднина, наместо традиционалното Volkswagen, ќе се вика „Voltswagen“.
Веста сама по себе донекаде и не изненадува, со оглед на тоа дека секојдневно има лавина од приказни за Volkswagen, кои се однесуваат на зајакнат фокус на производство на електрични возила.
Официјалното објавување на оваа вест треба да следи подоцна во текот на денот, вели изорот за медиумите, кој сепак сака да остане анонимен, со оглед на тоа што веста сè уште не е објавена од челниците во германската компанија.
Сепак, компанијата барем на кратко излезе во јавноста со објава на официјалната веб-страница во понеделникот рано наутро, најавувајќи промена на името, но објавата набргу беше отстранета.
Во меѓувреме, Volkswagen започна со испорака на новиот батериски теренец ID.4 во Америка, кој во моментов е единствениот електричен автомобил што се нуди од другата страна на Атлантикот, иако се очекува да има повеќе во периодот што следи, вклучително и ретро минибусот Microbus.
Дури и со моделот ID.4 во понуда, само мал процент од Volkswagen возилата ќе носи налепница Voltswagen на американските патишта. Во блиска иднина, најголемиот дел од продажните достигнувања на овој пазар се очекува да доаѓаат од бензинците, кои ќе продолжат да го носат името Volkswagen.
Личноста која ја пренела веста до медиумите дека групацијата Volkswagen го менува своето име во Америка, вели дека одлуката на матичната марка нема да влијае на другите брендови под контрола на огромниот конгломерат, а тоа се Audi, Bentley, Bugatti и Lamborghini.
Сето ова значи дека на електричните возила ќе има значка Voltsawagen, додека бензинците и понатаму ќе го носат логото VW, но без целосното име на марката.