Потврдено доаѓањето на Golf 8

На редовната годишна прес-конференција за медиуми, VW Group ги најави плановите за иднината, како и некои нови модели кои ќе бидат презентирани оваа година. Еден дел од прес-конференцијата, беше посветена на новите модели на автомобилската група, во која покрај матичниот бренд Volkswagen, се и брендови како Audi, Škoda, Seat, Porsche, Bentley, Lamborghini и Bugatti.

Меѓу другото, потврден е новиот компактен кросовер на Audi, која сепак ќе се вика Q3 Sportback, a не Q4 иако долго се шпекулираше по медиумите. Меѓу најавените новитети за 2019 година се наоѓа и засега неименуван кросовер на Volkswagen од В сегментот со 5 места.

Volkswagen оваа година ќе лансира и две електрични верзии на моделите Bora и Lavida, но само за кинескиот пазар.

На конференцијата, исто така, е потврдено и Porsche Cayenne Coupe, чии прототипови претходно беа фотографирани за време на тестовите на јавни патишта.

На графиката која беше презентирана за време на конференцијата го нема новиот VW Golf, но тој сепак има официјална конфирмација дека ќе биде лансиран подоцна оваа година.

Меѓу новитетите за 2019 година е иновиот Bentley Flying Spur.

https://youtu.be/QrRj2YhOjTM