Volkswagen Group објави дека во блиска иднина ќе направи мал, урбан, Audi EV.

Овие мали градски автомобили би биле и мали и евтини, а првите треба да пристигнат во 2023 година со неколку опции во форма на батерии од најмалку 200 километри патување со едно полнење.

Доколку се случи тоа, автомобилот би имал електричен мотор способен за произведе 170 КС, иако тие детали сè уште не се потврдени. Се шпекулира за батерии од 65 kWh.

„Дефинитивно станува збор за нешто што го имаме во нашите планови. Можеби сè уште проектот не е до крај осмислен, но треба да заврши во блиска иднина. Имаме толку многу опции и толку многу различни платформи на располагање, така што повеќе информации ќе имаме наскоро”, велат од Audi.

Сè што постои за сега на оваа тема се овие слики од нивниот концепт.