Стратегијата која во голема мерка се потпира на целосно електрична, односно иднина на батеријата, нема целосна поддршка од раководството на Honda

Некои од челниците на јапонската компанија веруваат дека иднината ќе ја обележат водородните автомобили и затоа компанијата треба да се посвети на развој на истите.

Канадскиот дневен весник Windsor Star пишува дека во компанијата е водена полемика за концептуалниот изглед на идната гама на Honda. Новинарите на овој весник дошле до неколку интересни факти во врска со ова за време на интервју со еден од директорите на канадската дивизија на јапонската марка, по име Жан-Марк Леклер. Тој зборувал за несогласувања помеѓу членовите на управниот одбор кога се разговарало за технолошкиот концепт на новите погонски единици.

Според зборовоите на извршниот директор, некои високи функционери на Honda не се согласуваат со идејата „сите јајца да се стават во една, батериска корпа“, особено не во околности кога тоа би се рефлектира на намалување на застапеноста на возила засновани на технологија на водородни горивни ќелии.

Нивниот став донекаде е разбирлив, особено ако се потсетиме колку далеку е отидена Honda со развојот на водородните системи, како во моделот Clarity, па дури и ако имаме во предвид дека марката собра многу симпатии со промовираниот градски електричен автомобил Honda е.

Жан-Марк Леклер признава дека концептот на електрификација ќе има одредена важност во иднина. Тој заклучува дека посилна политичка и финансиска поддршка од државите на концептот на електромобилност, ќе доведе до тоа производителите да нудат попрестижни и високо перформантни електрични автомобили, што од друга страна не е поддржано од побарувачката на соодветно ниво.

Што се однесува до самите клиенти, Леклер ги презентирал резултатите од една студија посочувајќи дека тие се подготвени да потрошат не повеќе од 600 евра повеќе за да станат сопственик на батериски автомобил наместо идентичен конвенционален модел. Ова е збир кој ни приближно не ја покрива разликата во цената на чинење (производство) помеѓу две концептуално многу различни автомобили.