Во Германија осмислен нов сообраќаен знак
Локалните власти и компании од светот кои се занимаваат со Car Sharing, со години чекаат експертите осмислат знак кој ќе симболизира простор за паркирање исклучиво на возила за изнајмување. Германското Министерство за транспорт тоа и го направило, но за изгледот нема да коментираме
Илустрацијата за сообраќајниот знак, која моментално циркулира меѓу засегнатите страни за ова графичко решение, многумина велат дека изгледа како карикатура.
Како и да е, презентираниот знак е клучен елемент во промената на регулативите за сообраќај во градовите, за истите да се движат во насока спред трендовите. Денес, во развиените градови, многу е лесно да се дојде до автомобил за изнајмување од системот Car Sharing, главно преку телефонска апликација. Со употребата на возила од овие возни паркови значително се растеретуваат улиците од тесните централни урбани области од сообраќаен хаос.
Германскиот министер за транспорт Андрес Шејер е голем поддржувач за концептот на споделени возила. Пред приближно осумнаесет месеци од неговиот ресор е изготвен нацрт-закон за Car Sharing, а една од одредбите е задолжителна употреба на посебни места за паркирање наменети исклучиво за овие возила.
Сепак, за користење на новиот сообраќаен знак, ќе треба подолго време за да се заврши целата законска процедура за воведување како нов регулаторен сигнал. Иако овој сектор на економијата е на високо развојно ниво, ќе биде потребно повеќе време за внесување на симболот во сообраќајниот регистар.
Правните лица кои веќе се ангажирани во овој бизнис нетрпеливо ги очекуваат потребните промени и предупредуваат дека обезбедувањето на таков паркинг простор за возила за споделување, локалните власти нема да го обезбедат, се додека новата регулатива не стане обврзувачка.