![Во Formula 1 сака да пробаат со спринт трки наместо класични квалификации](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/01/formula-1.jpg)
Во Formula 1 сака да пробаат со спринт трки наместо класични квалификации
Во Formula 1 се размислува двојните викенди во новата модифицирана сезона да се искористат на поинаков начин
По состанокот одржан помеѓу Liberty Media, FIA и тимовите, сопствениците на шампионатот предложија идеја за да се искористат секој од двојните викенди, прво на Red Bull Ring арената во Австрија, а подоцна и на Silverstone, В.Британија, да се испроба формат на спринт трка кој треба да го определи стартниот поредок за неделната трка.
Така, на двојниот викенд кој треба да се одржи на овие патеки, едниот тркачки викенд би се одржал според стариот формат на квалификации и трка, додека во другиот би се одржувала спринт трка според новите правила која треба да го одреди стартниот поредок за неделната трка. Liberty Media на овој начин би сакала да ги види сите позитивни и негативни страни на идејата.
Значи, спринт трката би се одржувала во сабота, а првиот во генералниот поредок би стартувал од последната позиција, додека последниот од првата позиција.
Оваа идеја има целосна поддршка од ФИА, но заради сегашните регулативи, таквата промена може да се направи само со одобрение од сите десет екипи. На оваа средба немало гласање, но планот бил претставен на сите, иако тоа би можело да се промени на нова средба веќе оваа недела.