Електричните скутери претставуваат зголемена опасност на патот. Во Велика Британија се шири нов опасен тренд

Сопствениците на електрични скутери се повеќе ги чипуваат, а со тоа ја зголемуваат максималната брзина на 100 km/h!

На новинарот на DailyMail му требале само неколку минути да најде механичар во Лондон кој е подготвен да хакира или чипира нов електричен тротинет и тројно да ја зголеми максималната брзина.

Скутерот Xiaomi Pro2 бил ограничен на 25 km/h од страна на производителот, но штом влегол во работилницата, механичарот го прашал: Колку брзо сакате да возите? Вашиот тротинет може да оди онолку колку што сакате!

„Го гледав механичарот како ја менува постоечката батерија со поголема, помоќна и поспособна за поголеми брзини. Тие потоа го ресетираа внатрешниот софтвер на скутерот и овозможија максимална брзина од 65 km/h. Ми понудија и опција за максимална брзина од 100 km/h, но јас љубезно ја одбив понудата.

Сè беше направено за два часа. Во ниту еден момент не ме предупредија на можни опасности“ – заклучува авторот на DailyMail.