![Во една европска земја е забрането да се вози во зимска јакна, казните се огромни!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/12/stoc-555209.jpg)
Во една европска земја е забрането да се вози во зимска јакна, казните се огромни!
Ако планирате патување во Европа, бидете особено внимателни во една земја.
Во Шпанија е забрането да се вози во зимска јакна. Можеби на почетокот звучи лудо, но оваа казна се заснова на вистински факти. Првата и најважна работа е што зимската јакна ги ограничува движењата на возачот и спречува оптимална реакција во итни ситуации. Да не зборуваме дека истото важи и за ракавиците, а во Шпанија ќе бидете казнети дури и да возите со шал околу вратот.
И казната не е мала. За овој прекршок, казната е 200 евра.
Минатата година германскиот ADAC објави дека зимската јакна за време на возење резултира со уште еден проблем и тоа важи за возачот, но и за сите патници кои користат појас. Имено, дебелата јакна го спречува оптималното затегнување на ременот, кој при судир може да се лизне подолу преку стомакот и да предизвика повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и да доведе до внатрешно крварење.