Последниот сериски модел на Arash беш AF10 со 6.2-литарски V8 кој во комбинација со четири електрични мотори испорачува околу 2.080 КС.

Британскиот мал производител на автомобили Arash се чини дека влегува во светот на електричните хиперавтомобили откако го претстави претстојниот модел наречен AFX. Засега се познати многу малку детали за автомобилот, освен дека ќе биде целосно електричен.

Како таков, веројатно е насочен кон сегментот кој ги вклучува Lotus Evia, Rimac Nevera и Pininfarina Battista, освен ако британскиот производител не одлучи да ги подигне бројките уште повеќе. 

Објавените фотографии прикажуваат традиционални пропорции на хиперавтомобил. Напред аголни светла и многу компактна хауба со голем отвор за воздух што помага во аеродинамиката, а странично нагласени лакови на тркалата и врати со сличен дизајн како Porsche 918 Spyder. Други клучни елементи на дизајнот се недостатокот на традиционалните ретровизори, истакнатата „перка од ајкула“, како и LED светлосната лента со целосна ширина на задниот дел.

Arash објави и фотографии од кабината, и се чини како седиштата директно да се обликувани во монокок, а контролната табла донекаде потсетува на Lamborghini Sesto Elemento. Има и два мали екрани кои ги заменуваат страничните ретровизори и мала инструмент табла поставена на управувачкиот столб.

Последниот сериски модел на Arash беш AF10 со 6.2-литарски V8 кој во комбинација со четири електрични мотори испорачува околу 2.080 КС. Не да биде изненадување ако целосно електричниот Arash биде исто толку моќен, ако не и помоќен …