![Во Audi веруваат дека бензинот и дизелот сепак имаат иднина](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/10/Audi-Logo-SUV.jpg)
Во Audi веруваат дека бензинот и дизелот сепак имаат иднина
Иако Audi, како и остатокот од VW групацијата, е посветен на електрификацијата, тие не се подготвени целосно да го свртат грбот на SUS моторите.
Првиот човек на германскиот производител, Маркус Дисман, потврди дека верува дека има иднина за единиците со внатрешно согорување и дека ќе помине некое време пред тие да бидат подготвени да заминат во историјата. Покрај тоа, Дисман ја брани понатамошната употреба односно понуда на дизел погонски единици, наведувајќи дека станува збор за најефикасните единици помеѓу SUS моторите.
Во искрен настап пред медиумите, Маркус Дисман потврдува дека Audi ќе остане посветен на дизелот како гориво уште некое време. Сепак посочува дека новите интервенции во врска со намалувањето на штетните гасови донеле дополнителни трошоци, што е причина дизел агрегатите да ја изгубат својата привлечност во одредени сегменти на пазарот.
Дисман додава дека Audi ќе продолжи да инвестира во развој на SUS мотори, со цел да ги направи што е можно поефикасни. Според него, нивната „смрт“ ќе настапи како политичка одлука, како и дека тоа нема да се случи во целиот свет во исто време. Најверојатно дизелот ќе успее да трае најдолго во Европа, додека бензинот ќе има значително подолг рок на траење, пред се на пазарите во развој.
За разлика од другите премиум брендови, Audi не се двоуми да ги понуди своите модели и со СNG погон. Такви верзии постојат за А3, А4 и А5. Покрај тоа, марката со четири прстени инвестира во развој на возила со горивни ќелии.
Сепак, Audi е посветен на електрификација и јасно е дека иднината ја гледаат во електричните автомобили. Но, секогаш е добро да се има резерва, па оттука е и претпазливоста на Дисман во врска со одрекувањето од SUS моторите.