Во 2020 година, обновливите извори на енергија во Европа ги надминале традиционалните фосилни извори
Според последниот извештај на институтите Ember и Agora Energiewende, за прв пат во историјата во текот на претходната година, количината на електрична енергија добиена од обновливи извори на енергија била поголема од онаа добиена од фосилни горива
Според споменатиот извештај, „зелените“ извори обезбедиле 38% од вкупната потрошена електрична енергија на Стариот континент (во споредба со 34,6% во 2019 година), додека 37% биле добиени од традиционалните електрани.
Сепак, се наведува дека преминот од јаглен кон чиста енергија во процесот на производство на електрична енергија сè уште не е доволно брз и дека постои страв дека поставените норми во врска со емисијата на штетни гасови што треба да бидат исполнети до 2030 година нема да бидат остварени. Истражувачите посочуваат дека е потребно тројно да се зголеми растот на производството на електрична енергија од ветер и сончева светлина доколку се да се постигнат целите поставени за наведениот рок.
Во Европа, побарувачката за електрична енергија во 2020 година паднала за 4%. Високиот аналитичар на Ember, Дејв Џоунс, тврди дека ова е само почеток. „Ветерниците и соларните централи го потиснуваат јагленот. Во тек се подготовки за поголема потрошувачка на електрична енергија во Европа поради масовната употреба на автомобили со батерии и топлински пумпи“, вели Џоунс.
Тој додава дека некои земји биле многу активни во овој поглед, и дека сега голем дел од нивната електрична енергија доаѓа од обновливи извори. Апсолутен лидер е Данска, која добива дури 62% од потрошената електрична енергија од сонцето и ветерот, по што следат Ирска со скоро двојно поголем резултат и Германија.
Џоунс ги критикува земјите кои речиси и да немаат напредок во добивањето електрична енергија од обновливи извори, иако имаат одлични услови. „Португалија, Романија, Австрија, Италија, Чешка, Романија и Бугарија практично не се поместени од нивото што го забележале во 2015 година“, вели високиот аналитичар во Ember.
Земјите од ЕУ ќе треба драстично да го зголемат производството на електрична енергија од еколошки извори во наредниот период, бидејќи е јасно дека деновите на термоелектраните се избројани.