![Внимавајте! Повисоки сообраќајни казни во Германија](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/06/autobahn.jpg)
Внимавајте! Повисоки сообраќајни казни во Германија
Германските власти планираат драстично да ги зголемат сообраќајните казни, а локалните медиуми велат дека Бундестагот ќе ги одобри подоцна оваа година
Поради својата широка патна инфраструктура и автопати без ограничувања на брзината (за жал се помалку), Германија се смета за рај за возачите. Сепак, тоа не значи дека локалните власти замижуваат пред сообраќајните прекршоци. Не е тешко да се добие парична казна во Германија, а како што објави германскиот автомобилски клуб ADAC, тоа ќе стане уште поскапо.
Федералните држави и Федералното Министерство за транспорт се согласиле за уредба за промена на висината на казните. Во некои случаи, казната ќе биде дури и двојно поголема, а максималната казна во случај на камион може да достигне дури 950 евра. За патничките возила, максималната казна ќе биде 800 евра. Се разбира, може да се очекуваат највисоки казни и доколу се надмине ограничувањето на брзината.
Надминато ограничување на брзината (km/h) |
Сегашна казна (ЕУР) | Планирана казна (ЕУР) |
---|---|---|
<10 | 15 | 30 |
11-15 | 25 | 50 |
16-20 | 35 | 70 |
21-25 | 80 | 115 |
26–30 | 100 | 180 |
31–40 | 160 | 260 |
41–50 | 200 | 400 |
51–60 | 280 | 560 |
61–70 | 480 | 700 |
> 70 | 680 | 800 |
Надминувањето на ограничувањето на брзината од 31 km/h или повеќе во населени места или 41 km/h или повеќе надвор од тоа, резултира во одземање на возачката дозвола – тука ништо не се менува.
Надминато ограничување на брзината (km/h) |
Сегашна казна (ЕУР) | Планирана казна (ЕУР) |
---|---|---|
<10 | 10 | 20 |
11-15 | 20 | 40 |
16-20 | 30 | 60 |
21-25 | 70 | 100 |
26–30 | 80 | 150 |
31–40 | 120 | 200 |
41–50 | 160 | 320 |
51–60 | 240 | 480 |
61–70 | 440 | 600 |
> 70 | 600 | 700 |