Внимание: Ова се автомобилите кои се крадат најмногу!
И оваа година, американскиот NICB, објави податоци за најкрадените автомобили во САД!
И покрај значителната ажурност на полицијата, во САД, во просек, на секоја минута се краде по едно возило! Оваа година, NICB (National Insurance Crime Bureau) објави статистички податоци поврзани со „најбараните“ автомобили минатата година, според моделот, без оглед на годината на производство на возилата.
На прво место, и понатаму е Honda Accord, со 52.244 примероци пријавени како украдени што е скоро секој 14-ти украден автомобил. Ништо помалку не е баран ниту Civic со 49.480 примероци, додека на третото место, со голема разлика во однос на овие модели се Ford пик-ап моделите – украдени 29.296 примероци.
По пик-ап моделите на Ford, доста барани се и оние на Chevrolet, со 27.771 примероци, додека сопствениците на пик-ап модели на Dodge се далеку „помирни“ на 6-то место (11.212 украдени примероци). Интересно е да се напомене дека популарниот седан на пазарот во САД, Тоyота Camry, се наоѓа на 5-то место со 15.446 кражби, а збирно вкупниот број на украдени возила од 6-10 место е помал од бројот на „исчезнати“ Accord-и.
На седмото место е Toyota Corolla со 10.547 примероци, по што следи Nissan Altima со 10.374 пријавени случаи на кражба. На деветото место е верувале или не, Dodge караван, со 9.798 украдении примероци, а на последното место Chevrolet Impala со 9.225 единици.