Во некои случаи, влечењето на неисправно електрично возило може да предизвика прегревање на електромоторот

Доколку се соочите со проблем од овој тип, пред да одлучите дали да се турка или шлепува возилото со јаже или метална шипка, прво треба да се консултирате со упатството за возилото кое за секој модел опишува како да се постапува со неисправно возило. Така, за транспорт на неисправно возило советите може да бидат:

  • Возилото не смее да се влече со тркалата на земја
  • Возилото не смее да се влече така што само една од оските е одвоена од земјата
  • Возилото не смее да се влече со брзина поголема од 40 km/h со јаже или шипка и со тркалата на земја
  • Возилото не смее да се влече од позади за потреби на утовар
  • Возилото може да се подигне на камионска платформа без да се повлече. За утовар е потребен кран или перничиња за тркалата за да се одвојат тркалата од земјата за товарење на камионот
  • Возилото може да се стави во неутрална положба и да се повлече на камионската платформа со брзина на возилото не поголема од брзината на одење

Некои од овие совети може да бидат опишани во прирачникот на вашето возило и добро е да ги прочитате. За електрични и хибридни возила, прочитајте го упатството за возилото, кое ги опишува сите дозволени дејства. Во спротивно, ако се извршат оние дејства што не се опишани од производителот во упатството, може да дојде до сериозно оштетување на возилото кое може да биде исклучително скапо.

Електричните возила не смеат да се шлепуваат со јаже или шипка или туркаат освен за потребите да се качат на шлеп камион, бидејќи за работа на серво кочницата и управувачот е потребно исправно електрично напојување. Ако сме без струја во возилото, би можеле да бидеме изненадени од значително намалената управливост и можноста за запирање на возилото.

Во некои случаи, влечењето на неисправно електрично возило може да предизвика прегревање на електромоторот. Затоа треба точно да знаете за кој модел на возило и електромоторомотор станува збор (повторно е тука прирачникот), но, без разлика на се, не е препорачливо да се влечат возила кои немаат спојка помеѓу погонскиот мотор и менувачот, а електричните возила немаат тип на спојка што може да го исклучи моторот од погонот (ова е можно кај моторните возила со внатрешно согорување). Затоа, за време на влечењето на возилото не е пожелно да се ротира погонскиот мотор со поголема брзина, освен како што е веќе споменато, за потребите за утовар на шлеп камион, на пример.