Вистински „ѕвер“: Ford Mustang Shelby GT500 под хаубата крие над 700 „коњи“!
Ford Mustang Shelby GT500 треба да биде претставен во 2019 година, и веќе сега е еден од најочекуваните „набилдани“ автомобили. Пред него слична беше ситуацијата и со Dodge Challenger SRT Demon
Имено, Ford на интернет објави нова фотографија од својот нов модел направена од птичја перспектива, која открива дека GT500 ќе биде опремен со хауба со отвори преку кои ќе излегува топлината која се генерира од погонскиот агрегат. Колорните ленти (линии) ќе се протегаат по цела должина на возилото, а тука е и големиот спојлер направен од јаглеродни влакна.
За жал, тоа е се што се знае врз основа на новата фотографија. Она што се знае од претходно е дека овој модел ќе биде претставен во текот на следната година, а ќе биде конкурент на модели како Chevrolet Camaro ZL1 и Dodge Challenger Hellcat. Со цел успешно да се„носи со овие ѕверови“, новиот GT500 под капакот на моторот ќе крие V8 мотор со компресор кој ќе развива повеќе од 700 коњски сили.
Компанијата не открива конкретни детали, но се очекува дека под хаубата на овој модел да се наоѓа V8 мотор од 5.2-литри, кој развива 526 коњски сили и 581 Nm вртежен момент, но со помош на компресорот оваа моќ да биде поголема од онаа кај моделот Ford GT.
На интернет може да се слушнат и гласини дека овој автомобил ќе достигнува максимална брзина од 344 km/h, но шансите ова да се случи се навистина минимални.