Вистински хит: Ford веќе ги распродаде првите 50.000 примероци од електричниот Mustang
Американскиот производител соопшти дека бројот на резервации веќе го надминал планираното годишно производство на електричниот Mustang Mach-E
Компанијата не го открива точниот број на примени нарачки, но тие тврдат дека тој е веќе повисок од планираното годишно производство од 50.000 примероци.
Во првите 12 месеци од производството ќе се произведува таканареченото ограничено издание „First Edition“.
Како потсетување, потенцијалните купувачи кои сакаат да резервираат Ford Mustang Mach-E треба да остават депозит од 500 американски долари, а овие пари им се враќаат во случај ако во меѓувреме го откажат купувањето.
Сличен систем применува и Tesla при прифаќање резервации за нивните електрични автомобили, со таа разлика што износот на депозит варира во зависност од моделот.
Кога ќе пристигне во продажните салони кон крајот на 2020 година, Mustang Mach-E ќе биде достапен во стандардна конфигурација на батеријата и зголемена автономија на движење. Купувачите исто така ќе можат да избираат помеѓу погон на задните и сите четири тркала.
Според американската агенција EPA, верзијата со продолжена автономија и заден погон, со целосно полна батерија ќе може да помине околу 482 километри.
Еден од неговите главни ривали на пазарот ќе биде Tesla Model Y, чие производсвто започна неодамна.