Вистинска приказна: На синот му направил реплика на автомобил, а потоа во приказната влегува и Lamborghini
Ова 11-годишно момче овој Божиќ ќе го помни целиот свој живот
Приказната започна уште во октомври кога некои медиуми објавија дека 11-годишно момче, инаку голем обожавател на Lamborghini, го прашало својот татко дали може да направи Aventador. Се разбира, нa желбата на малиот Ксандер, неговиот татко не можел да остане имун, па се впуштил во деловна активност и по една и пол година направил нешто што навистина наликува на Lamborghini, па дури и вози со своја моќ. Но, пред него има уште многу работа.
Ова во Lamborghini го виделе како можност за добро дело, како и голема самопромоција, па решиле да го посети семејството и да донесат „мал“ подарок. Тие со себе донеле вистински Aventador и го замениле со репликата во гаражата за да го изненадат Ксандер. Никој освен неговиот татко не знаел за оваа замена, дури ни непосредните членови на семејството.
Како реагирал Ксандер на изненадувањето погледнете во приложеното видео. Сепак, вистинскиот Lambo нема да остане во сопственост на семејството, туку е позајмен на само неколку недели.