Производителот на луксузни и суперспортски автомобили Ferrari објави дека ја прекинува работата во две фабрики, во Модена, како и во седиштето на компанијата, Маранело. Затворените фабрики остануваат под клуч до 27 март, што е практичен одговор на компанијата на растечката криза со коронавирусот во Италија

Така, Ferrari им се придружува на голем број производители на Апенините кои веќе донесоа одлука да го прекинат производството. Во соопштението за медиумите од администрацијата на Ferrari, се вели дека компанијата се соочува и со првите сериозни недостатоци на делови, со што се заканува континуитетот на циклусот на производство.

Вестите од Италија воопшто не изненадуваат. Во петокот, познатиот производител на системи за сопирање, Brembo, на чија листа на клиенти е Ferrari, објави дека ќе ги затвори своите четири погони кои работат во Италија.

Сепак, привремениот прекин на производството, во никој случај не значи дека замира и деловниот живот, односно дека се запираат сите активности. Имено, сè што не се однесува на самото производство ќе продолжи да се спроведува, односно работата ќе се извршува на мудар и безбеден начин, односно од дома секаде каде што е тоа можно.

Ниту еден работник во Ferrari досега не бил заразен со коронавирус. Работниците во компанијата продолжуваат да остваруваат целосен профит и нема да бидат потребни да жртвуваат денови од одморот за да го покријат ова отсуство од производствените линии, велат извори од компанијата.

Извршниот директор на Ferrari, Луис Камилиери, вали дека компанијата донела одлука да го прекине производството заради почитување на работниците, како и „заради нивниот, но исто така и душевниот мир на членовите на нивните семејства“.

Претходно, одлуки за стопирање на производните активности беа донесени од страна на Fiat Chrysler, како и од производителот на тешки и лесни индустриски и комерцијални возила CNH Industrial. Таму каде што фабриките не се целосно затворени, донесена е одлука да се намали нивото на производство со цел усогласување на работењето со препораките на италијанската влада. Производителот на гуми, Pirelli, одлучи да го прекине производството во погоните лоцирани во близина на Торино, откако беше утврдено дека еден работник е позитивен на тестот за коронавирус.

Formula 1 тимот на Ferrari, по откажувањето односно одложувањето на првите три трки во новиот шампионат, исто така ги запре сите активности.