Vinfast Lux V8 – Виетнамски SUV по американски вкус
За првиот виетнамски автомобилски бренд првпат се слушна на Парискиот салон минатата година. Сега претставуваат изведба во многу што наклонета на Американскиот вкус
VinFast има два модели, лимузина и SUV, и двете со потпис на Pininfarinа. SUV моделот е поинтересен за пазарот, а сега има и луксузна изведба. Да, Lux V8 не е само туку така нафрлена ознака, туку навистина се работи за луксузно SUV возило од калибарот на BMW X5.
Навистина, бидејќи виетнамците имаат дозвола за користење на претходната Серија 5, па така тоа не е приказна без покритие. Истото важи и за внатрешноста, која по многу детали наликува на она што го прават Баварците. Она што е важно е дека под капакот на моторот не е 2.0 Turbo туку расен V8 со работен волемен од 6.2-литри со 455 КС и 624 Nm. Максималната брзина е 300 km/h.
Инаку станува збор за ограничена серија која е подготвена за производство и на пазарот ќе се најде следната година.