E Prototype всушност е нова итерација на концептот Urban EV кој го видовме пред неколку години

Станува збор за мал градски автомобил, ретро стилизиран, се разбира, со електричен погон. Има широка трага од тркалата, кратки препусти и врати со контра отварање, таканаречени „suicide doors“. E Prototype е 10 сантиметри пократок од Hondа Jazz.

Јапонскиот бренд сè уште не сопштил никакви податоци за перформансите за овој модел. Познато е дека ќе користи еден електричен мотор кој ќе ја пренесува моќта на задните тркала. Покрај тоа, батеријата е од 30 kWh, а очекуваната автономија со едно полнење – 210 километри, според WLTP протоколот.

Honda истакнува дека ова се уште не е сериска варијанта, иако 98% е подготвена за производство. Производството започнува кон крајот на оваа година, а во продажните салони ќе се најде во почетокот на 2020 година.