Станува збор за видео од надзорните камери на една бензинска пумпа во Чиле кое моментално кружи на социјалните мрежи и е вистински хит

Видеото започнува со поглед на маж кој полни гориво на бензинска пумпа. Неколку моменти подоцна, сликата целосно се менува. Со голема брзина на бензинската пумпа доаѓа комбе и застанува во близина на неговото возило. Од него излегуваат двајца маскирани мажи и брзаат кон возачот. Неколку моменти подоцна, и трет напаѓач излегува преку страничната врата на миниванот, но не стигнува далеку, исто како и неговите „колеги“. Тоа е затоа што таргетираната жртва реагира на начин на кој веројатно ниту еден од нив не очекувал. 

Погледнете и сами.

https://youtu.be/Tqn8LDxcTIo