Видео игри: Forza Horizon 5 е тука и се очекувано е одлична игра / ВИДЕО
По долги 3 години, серијалот на Forzа Horizon се враќа со сосема нов дел за кој велат дека е одличен. Forza Horizon 5 „на полиците“ пристигнува оваа недела, а тимот од Auto Blog веќе имал шанса да го испроба мексиканскиот асфалт
Forzа Horizon во секое свое продолжение беше добра, па затоа и не чуди што, велат, „петката“ е најдобра до сега. „Најчесто знаете што добивате: забавно тркачко искуство слично на аркадните игри со интересен отворен свет и мноштво автомобили за избор“. Во последното продолжение формулата не се менува, туку само се подобрува. „Forza Horizon 5 ги адаптирал сите најдобри работи од своите претходници и ги ставил во нов, одличен и многу забавен пакет“, велат во Auto Blog.
Како што велат од Auto Blog, oткако ќе ја стартувате играта за прв пат, веднаш ќе се најдете во некои туторијал трки со Corvette Stingray, Ford Bronco или Toyota GR Supra. Упатството завршува со епска трка во која вие сте зад воланот на Mercedes AMG-1. По овој вовед, можете да започнете да го истражувате Мексико.
Forza Horizon 5 ќе биде достапна бесплатно со претплата на Microsoft Game Pass.