Демонстрација што можат роботите на Boston Dynamics

Ви треба влечна служба? Класична? Не значи. Истата работа може да ја завршат и „чопор“ на кучиња роботи! Така некако би можело накратко да се опише најновото видео од Boston Dynamics.

Дури десет кучиња роботи со здружени сили влечат камион по нагорнина за да ја покажат суровата моќ што ја имаат. На прв поглед, снимката можеби делува застражувачки, не поради роботите кои го влечат камионото, туку поради нивната сила и потенцијал.

Иако е тешко да се поверува дека роботите на Boston Dynamics ќе ги заменат класичните влечни служби, барем не во некое догледно време, сепак впечаток е дека можеби би било многу згодно ако заглавите некаде со вашиот автомобил однекаде да дотрча едно вакво куче робот и да ве извлече од невоља.