Генијално, а многу лесно!

Човековата снаодливост е неверојатна. На кого ли само ова би му паднало на ум?

На двајца момци од видеото им се расипале бришачите на автомобилот. Биле на риболов, па им текнало како да искористат рибарскиот конец што им бил при рака. Го врзале за бришачите и рачно ги поместувале со заеднички сили.

Делува како шега, но авторот на видеото тврди дека така успеале да стигнат до целта по двочасовно возење.

Погледнете, никогаш не се знае.