Во едно неодамнешно интервју, генералниот директор на Одделот за дронови на Intel, Анил Нандури, меѓу другото ги искажува очекувањата за првите летачки автомобили

Патиштата, во многу градови низ светот се преполни со автомобили и луѓето неделно губат часови и часови седејќи во своите возила заглавени во сообраќајните гужви. Се надеваме дека оваа технологија ќе најде решение за овој голем проблем во иднината, а потенцијални решенија има навистина многу – од едноставни, како што се се попопуларните електрични скутери и велосипеди, па до футуристички, кои вклучуваат копање на подземни тунели, што заговара Илон Маск или „движење“ со автомобил во воздухот.

Последниве години се повеќе се зборува за летечки автомобили – денес можете дури и да направите таков автомобил, но сепак е тешко да се каже точно кога автомобилите ќе бидат достапни и за сите нас. Според извршниот директор на Intel при одделот за беспилотни летала, Анил Нандури, тоа ќе биде за пет години, а треба да се потсети и на тоа, на пример, дека во Uber говореа за стартување на таква нивна услуга до 2023 година.

Секако, пред технолошките компании стојат големи предизвици, од голем број на технички и инженерски проблеми па се до законодавството бидејќи за да се започне со употреба на таквите возила треба да се менуваат и бројни сообраќајни закони.

Под земја или во воздух?

За пет години, се разбира, не треба да се очекува дека небото над нас ќе биде полно со автомобили, но Надури смета дека тогаш ќе можат да се видат првите модели на небото, додека за десет години ќе летаат и такси возила (што е, многу подоцна отколку што беа очекувањата на Uber).

„Наша работа е да го овозможиме ова“, рече Анил Надури.

Причината поради која тој верува дека иднината на транспортот ќе биде во воздух, а не под земја, како што верува Маск, е едноставна и се однесува на трошоците. Значи нема дупчење и создавање на сосема нова инфраструктура, туку сите трошоци се однесуваат само на развојот на летечки возила.

Тој е свесен за сите потенцијални проблеми, сообраќајно-воздухопловни несреќи и жртви, но потсетува дека денес секоја година во сообраќајни несреќи гинат 40.000 луѓе, па луѓето сепак продолжуваат да се возат во автомобили и тие го прифаќаат ризикот. Предностите кои ќе ги донесе таквиот начин на транспорт во споредба со конвенционалните автомобили се многу и луѓето, на пример, наместо во сообраќаен метеж, би можеле секој ден да поминат два часа повеќе со семејството, да гледаат филмови, спортуваат и слично.