Вечерно кино: 2022 Goodwood Festival of Speed. Најинтересните моменти, возила… / ВИДЕО
Општо мислење е дека овогодинешното издание на веројатно најпрестижната манифестација за спортски автомобили значително ја подигна границата
Во сегашната форма, Фестивалот на брзината датира од 1993 година, кога Чарлс Хенри Гордон-Ленокс, војводата од Ричмонд, одлучил да ги врати славните традиции на семејниот имот. Најпрвин како еднодневен настан, потоа поради зголемениот интерес како дводневен настан – сабота и недела, а од неодамна фестивалот трае дури четири дена.
Самиот Гудвуд се протега на 4.900 хектари во Сасекс, на југоисточниот дел на Англија, и е совршено прилагоден на обемот на она што се случува четири дена секој јуни. Всушност – речиси секој јуни, бидејќи во 2020 година фестивалот беше откажан поради владините мерки против Ковид-19, а во 2021 година се одржа во октомври, но без публика.
Ова е една од причините што овогодинешното издание се разликува од претходните, дури и од оние пред пандемијата – интересот рекорден. Оставени без спектакл две години, фановите ги разграбале билетите многу недели пред настанот. А воопшто не се евтини. Најприфатливиот, за само еден ден, започнува од 47 фунти. Луксузните четиридневни пакети со сместување и место во специјалните ложи се во опсег од 7-8 илјади евра по лице.
Уште една причина зошто Goodwood 2022 е многу посебен е затоа што настанот е избран како најсоодветно место за прославување на 50-годишнината од BMW M.
Што се случуваше на 2022 Goodwood Festival of Speed погледнете во приложените видео материјали. Опуштете се и уживајте!