Важноста на Суецкиот канал: Колку време бродовите би пловел околу Африка и колку гориво трошат дневно? / ВИДЕО
Брод како Ever Given кој неколку денови го блокираше Суецкиот канал, троши околу 26.000 американски долари за гориво за само еден ден пловење
Кога контејнерскиот брод Ever Given го блокираше Суецкиот канал во менаџерските кругови поврзани со бродскиот транспорт и продажба на стоки доставени преку море, „побарувачката“ за средства за смирување секако се зголемила. Веројатно имало и неколку солзи во општата хистерија. Зошто е тоа така?!
Суецкиот канал е влез во срцето на Европа, а еве го неговото значење во само неколку примери.
Го намалува времето на патување од Лондон до Мумбаи во Индија за дури 41 процент или од Лондон до кинески Шангај за 31 процент. Го намалува пловењето во просек за 23 дена.
Патувањето околу Рогот на Африка (Ртот на Добра надеж), подолгата рута, би било финансиски многу тешка операција ако се земе во предвид, на пример, дека брод како Ever Given троши околу 26.000 американски долари за гориво за само еден ден пловење.
Во прилог и видео за важноста, но и факти и бројки за Суецкиот канал за кои можеби и не се знаеле.