Важен модел за брендот! Hyundai Bayon доаѓа на 2 март
Hyundai официјално го најави лансирањето на нов кросовер. Bayon, ќе ја види светлината на денот на 2 март 2021 година.
Што треба да очекуваме?
Кросоверите „царуваат“ на европскиот пазар. Особено кога станува збор за пониските В и С сегменти, каде што постепено го земаат приматот од класичните хечбек модели. Hyundai, како и многу брендови, има намера да ја искористи оваа ситуација, па оттука и моделот Bayon, кој во моделната гама на јужнокорејскиот производител ќе се позиционира под Kona.
Автомобилот веќе и официјално е најавен на социјалните мрежи. Краткото видео го прикажува предниот дел од каросеријата и информира за точниот датум на премиерата закажана за 2 март 2021 година.
Судејќи според името што очигледно се однесува на францускиот град Bayon, ова ќе биде автомобил наменет главно за европските купувачи. Новиот Bayon споделува многу компоненти со хечбекот i20 претставен минатата година.
Затоа, иако деталите за опремата и моторот остануваат непознати, лесно е да се погоди што ќе добиеме. Основата најверојатно ќе биде 1.2-бензински мотор со 84 КС. Оние кои се подготвени за повеќе ќе го изберат турбобензинецот 1.0 со 120 КС.
Повеќе детали ќе можеме да споделиме за неколку дена (почетокот на март), а првите примероци во продажните салони ќе пристигнат оваа година.