Да „гаѓал“, немало подобро да погоди

За некои, паркирањето е еден од најстресните маневри. Дали е странично паркирање, фронтално или само уфрлување во слободен простор. Има безброј видео снимки од надзорни камери кои ги прикажуваат тешкотиите на паркирањето, но на ова последно видео е прикажано веројатно најоригиналното „паркирање“ видено во изминатите неколку години.

Единствената информација е дека настанот се случил некаде во Кина, а судејќи по натписот, тоа било на 9 јануари околу 16 часот. Ќе забележиме само уште дека возачот поминал без повреди, што не е случај и со неколкуте паркирани возила.