Возачот излегол од автомобилот, но совозачот скокнал на возачкото седиште и тргнал, пренесува New York Post

На интернет се врти видео од Бруклин (Њу Јорк) кое стана вирално, а на кое полицаец со електричен „шок“ за одбрана од далечина) удира и парализира возач на Hyundai Sonata). Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата забележала бела Sonata паркирана во зона каде е забрането паркирање со три лица во кабината. Тие се приближиле до автомобилот и почувствувале мирис на марихуана и му наредиле на возачот да излезе од автомобилот.

Возачот (29) излегол од Hyundai-то, но потоа совозачот скокнал на возачкото седиште, го презел воланот и тргнал, пренесува New York Post.

Полицаецот веднаш дејствувал и испукал двапати со електричниот шокер кон младиот човек кој тоа не го смирило и продолжил да притиска на педалата за гас, удирајќи во задниот дел од паркираниот автомобил и во страната на паркираното полициско возило.

Она што следува потоа не се гледа секој ден. Со многу сила Hyundai-то се „качува“ на полициското возило и со две тркала во воздух и две на асфалтот го преминува предниот дел и излегува од „блокадата“.

Кога повторно се нашол на асфалтот, едноставно се оддалечил од местото на инцидентот. 

„Личноста во бегство удрила во две паркирани возила и поминала преку полициско возило“, изјавила портпаролката на полицијата на Њујорк, Џесика МекРори.

https://youtu.be/rumV4g7OT9g

Полицијата набрзо ја пронашла Sonata-та на три блока понатаму, но возачот побегнал. Кај 29-годишникот, кој првично бил запрен од полицијата, констатирале лажни кредитни картички и уред за нивно скенирање и против него е поднесена кривична пријава. Уапсен е и пуштен со кауција, а мажот кој побегнал пеш е уапсен во четвртокот и ќе му се суди по повеќе обвиненија.