Гледано во иднината, ваквите звуци се многу веројатно она што ќе го слушаме на јавните патишта со оглед на најавите за откажување од SUS моторите во скора иднина на скоро сите автомобилски производители

По iX моделот, BMW ќе ја прошири својата EV постава со електричен спортски седан. Кога i4 беше претставен во март, уште тогаш BMW најави дека моделот ќе добие и варијанта М, за која сеуште нема многу информации

BMW веќе некое време соработува со познатиот композитор Ханс Зимер, кој веќе го создаде звукот за моделот iX3. Имено, овој звук се емитува преку аудио системот на автомобилот при големо забрзување. Зимер воедно е авторот и на звукот за М изданието на електричниот автомобил на Баварците.

BMW се обидува да создаде автентичен звук што треба дополнително да го подобри чувството на забрзување во електричниот автомобил. Претставниците на BMW наведуваат дека разликата помеѓу звуците кои се емитуваат преку аудио системот во кабината ќе бидат значително изразени, во зависност од тоа во кој режим на возење е возилото – Sport или Comfort.

Германската марка планира да ја продолжи соработката со Зимер, кој ќе создаде звук и за претстојниот iX SUV модел. Баварците посочуваат дека овој модел треба да биде предводник на целата EV гама.