На видеото се прикажани два Rolls-Royce Cullinan, C7 Corvette, Ferrari 488, Ferrari SF90, Ferrari Roma, Plymouth Prowler …

Сезоната на урагани веќе започнана Флорида, а јужниот дел на оваа американска држава е погоден од обилни дождови. На почетокот на минатата недела пишувавме за C8 Corvette што минува како подморница низ поплавена улица во областа Мајами, а оваа недела е тешко да се гледа видео кое прикажува гаража полна со поплавени суперавтомобили.

Во видео објавено на Instagram, од профилот Florida_Corvette_Owners, 10 или повеќе суперавтомобили со шестцифрени цени на чинење, се гледаат потопени во подземна гаража. На видеото може да се видат два Rolls-Royce Cullinan (еден потенцијално Mansory), C7 Corvette, Ferrari 488, Ferrari SF90, Ferrari Roma, Plymouth Prowler, McLaren SLR и Mercedes AMG GT Black Series – сите покриени со кал по поплавата.

Иако неодамнешната бура не го задоволила потребниот праг за да се класифицира како тропска бура, таа предизвикала значителен пустош во центарот на Мајами. Засега нема информации за степенот на штетата на оваа мултимилионска колекција, но ако нешто е сигурно, ништо од ова нема да биде евтино да се поправи.

Поголем предизвик за сопственикот на овие суперавтомобили ќе биде да го ограничи целиот опис на она што се случило на еден формулар за осигурување. Судејќи според ознаките за нивото на водата и калта на автомобилите, веројатно нема многу што би можело да се спаси.

cách tải game go88 hack tài xỉu go88 cskh go88

sunwin lừa đảo cách tải game sunwin sunwin cho ios