Компактниот теренец на француската марка наскоро ќе ја има својата премиера, а дотогаш производителот ги чува во тајност неговите фотографии

Renault Austral 2022 ќе го замени Kadjar, кој заминува во „пензија“. Новината ќе биде многу понапредна. Покрај тоа, квалитетот на завршна обработка и технолошките решенија треба да бидат над Megane Conquest (Arkane).

Дизајнерите од рускиот портал Kolesa.ru се потрудиле да покажат како би можел да изгледа наследникот на Kadjar. Проектот е заснован на бројни објави од претставници на францускиот производител и папарацо фотки. Според Kolesa.ru, Austral би требало да изгледа како на приложените фотографии – рендери.

Благодарение на најавите се знае дека предните светла ќе се одликуваат со мотивот кој со години ги истакнува автомобилите на Renault. Назад ќе има светла што ќе работат речиси по целата ширина одделени само со логото на производителот.

Што друго да очекуваме? Масивни браници, јасно наведната линија на покривот и стеснето застаклување. Благодарение на овие дизајнерски мерки, Renault Austral 2022 ќе изгледа динамично и модерно.

За возврат, внатрешноста ќе биде домаќин на најнова технологија, вклучувајќи дигитални индикатори и мултимедијален екран на допир.

Опсегот на единици треба да биде сличен на оној на Nissan Qashqai. Претпоставките се дека основата на продажбата ќе биде моторот 1.3 TCe, кој добива многу позитивни повратни информации од корисниците.

Renault Austral 2022 ќе биде претставен многу скоро, а пазарното деби се очекува во октомври.