Уште малку и толку е: Ford објави кога ќе престане да ја произведува легендарната Fiesta!
Fiesta е во продажба 47 години, во девет генерации, а продадени се околу 18 милиони единици
За некого зборот „легендарен“ можеби ќе звучи премногу, но за оние кои имале можност да го возат малиот автомобил на Ford, особено последните две генерации со сета негова стабилност и поврзаност со возачот, тоа дефинитивно е вистинскиот збор. Актуелната верзија ST е исто така одлична, како врв во гамата, а тука е и долгата историја на моделот како придонес за неговиот висок статус.
Ford официјално потврди дека ќе го прекине производството на Fiesta во јуни 2023 година. Наместо Fiesta, Ford планира да произведува електрична Puma. Така, малиот урбан теренец ќе го замени одличниот мал градски автомобил. Дали е тоа добра потег? Ќе каже пазарот. На сите оние на кои не им паѓаат банкноти од 100 евра од џебот, просторот за маневар е се помал и помал бидејќи се губи уште еден навистина достапен модел, а се добива скапо електрично возило, далеку од генерално македонскиот стандард. Производителот на автомобили објави двеминутно видео за да се збогува со Fiesta, а воедно и да ја прикаже неговата замена со нулта емисија.
Fiesta е во продажба 47 години, во девет генерации, а продадени се околу 18 милиони примероци. Производството во моментов се одвива во Келн, а од Ford велат дека од производната лента до следното лето ќе излегува само хечбек верзијата со пет врати. Производителот ќе ги држи отворени книгите за нарачки додека не се пополни преостанатиот обем на производство. Крајот на производството на Fiesta ќе го означи и крајот на производството на мотори со внатрешно согорување во една од најважните фабрики на Ford надвор од САД. Фабриката во Келн ќе се трансформира во центар за електрификација.